Жири комисијата во состав: Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим на II по ред Интернационален фестивал на дуодрама БРАНКО ЃОРЧЕВ, ги додели следните награди:
Наградата за најдобра женска улога на фестивалот и се доделува на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата “ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ” во режија на Дејан Пројковски, заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра.
Награда за најдобра машка улога на II – Интернационален фестивал на дуодрама БРАНКО ЃОРЧЕВ – Неготино, доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта БЕБА, заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата.
Награда за најдобра претстава се доделува на претставата БРАЧНА КОМЕДИЈА во режија на Иван Томашевиќ во продукција на СЦЕНА МАСКА, заради прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката.
Наградата „БРАНКО ЃОРЧЕВ”, за најдобра партнерска игра им се доделува на Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, за улогите во претставaта CANDY во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец”, заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема.