Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“

 Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопшти дека од денеска се реновира објектот во кој е сместена преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство.

За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, за што овие установи имаат доволно капацитети.

Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8-ми Септември“-Скопје, а амбулантата за детска и адлесцентна психијатрија ќе функционира во склоп на Заводот за ментално здравје „Младост“-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави