Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека пукал со „калашников“ во автомобил во кој се наоѓале три лица, јавува „Национале“.
Според полицијата, по пукањето, осомничениот го скрил оружјето во корпа за отпадоци, кое полицијата го пронашла и го одзела.
„Уапсен е осомничен маж поради сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој биле три лица. Полициските единици ги заплениле оружјето и 27 куршуми, а оштетениот автомобил бил однесен за преглед. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето“, се вели во полициското соопштение.
Како што се додава, по сослушувањето, осомничениот е приведен.