Окружниот суд во Минхен осуди на доживотен затвор медицински техничар за убиство на двајца пациенти и обид за убиство на уште шест лица.
„Вашата задача беше да помогнете во лекувањето, а вие го направивте токму спротивното“, рече претседателот на судскиот совет Норберт Ридман, објаснувајќи му ја пресудата на 27-годишниот медицински техничар.
Судот го обвинува здравствениот работник дека на пациентите им дал средства за смирување кои довеле до смрт во два случаи, кај пациенти на возраст од 80 и 89 години. Во шест други случаи, пациентите преживеале.
Како мотив за убиствата, медицинскиот техничар навел дека „сака да има мир“ за да спие и да игра игри на мобилниот телефон.
За време на судењето, осудениот кажал дека доколку не бил откриен ќе „продолжел со истата пракса“.
Судот го одби барањето на адвокатот, по издржувањето на казната, врз обвинетиот да се спроведат посебни заштитни мерки за да се спречат натамошни кривични дела, но му изрече доживотна забрана за работа во медицински установи.