Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и за Додипломска студентска програма.
Потребната документација треба да се поднесе на англиски јазик или со официјален превод. Скенираните документи треба да се испратат до contact@sk.mofa.go.jp (мејл не поголем од 10MB) оригиналните документи и две копии се поднесуваат до Амбасадата на Јапонија.
Крајниот рок за поднесување на оригналната документација до Амбасадата на Јапонија е 26 мај 2023. Документите треба да се поднесат на адреса ул. „Филип Втори Македонски“ 3, Соравиа Центар, кат 6, 1000 Скопје.
Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа предвидени за средината од јуни.
Повеќе информации за Истражувачка студентска програма и за Додипломска студентска програма има на линковите кои се достапни на фејсбук-страницата на Амбасадата на Јапонија во Скопје.