Пожар во болница во Мадрид: едно лице загина, 24 се повредени

Шеесет и осумгодишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

Пожарот избувнал околу еден час по полноќ на петтиот кат од болницата, а причините се уште се истражуваат, соопшти портпаролот на министерството за здравство, пренесува „Ел Паис“.

Пожарот избувнал во просторијата во која загинал мажот и било спречено негово ширење.

Како што наведе „Ел Мундо“, пациентот во тоа време бил сам.

Треба да знаете
Последни објави