Силен циклон го погоди брегот на Бангладеш и Мјанмар, при што загинаа најмалку шестмина, откако зајакна и стана еквивалент на бура од петта категорија, јавува денеска Би-би-си.
Циклонот Мока не го погоди бегалскиот камп Рохинџи во Кокс Базар како што претходно се стравуваше, но сепак уништи неколку стотици импровизирани засолништа. Најмалку шест лица загинаа во Мјанмар.
Војската на Мјанмар го прогласи целиот регион за област на природна катастрофа.
Шефот за управување со катастрофи во Бангладеш, Камрул Хасан, рече дека циклонот не предизвикал „големи штети“ во земјата, но дека сè уште има поплави и лизгање на земјиштето. Во Бангладеш засега нема жртви.
Најпогоден беше Мјанмар, каде што невремето пристигна со ветрови до 209 километри на час. Локалните медиуми јавуваат дека меѓу загинатите има и 14-годишно момче кое било удрено од дрво.