Шефот на Вагнер ѝ понудил на Украина да ги открие локациите на руските трупи, пишува „Вашингтон пост“

 Евгениј Пригожин, шефот на платеничките сили „Вагнер“ и понудил на украинската Влада да ја открие позицијата на руските војници, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на американското разузнавање.

Војниците на Вагнер беа во првите редови на крвавата руска офанзива за преземање на градот Бахмут.
Меѓутоа, како што пишува Вашингтон пост, Пригожин во јануари, во замена за непречено повлекување на неговите сили од бојното поле во тој град, и понудил на украинската разузнавачка служба да ги открие позициите на руските сили, но Украина ја одбила таа понуда.

Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, јавно се закани дека ќе ги повлече своите платеници од областа околу Бахмут доколку не ја добијат потребната муниција.

Тој во вторникот во аудио порака рече дека тој и неговите луѓе ќе се сметаат за предавници доколку ја напуштат областа.

„Вашингтон Пост“ објави дека понудата на Пригожин дошла преку неговите контакти со украинската разузнавачка служба. Портпаролот на Белата куќа одби да го коментира извештајот, кој се заснова на тајни американски документи протечени на платформата за групни разговори Discord.

Треба да знаете
Последни објави