Во Брисел денеска нешто по 9:00 часот почна средбата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Петковиќ и Лајчак се сретнаа во зградата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) пред новата рунда технички дијалог меѓу главните преговарачи.
Лајчак во неделата изрази очекување дека двајцата главни преговарачи ќе бидат подготвени да договорат конкретни следни чекори кон имплементација на договорите од Бриосел и Охрид.
Се очекува најважна тема на средбите во Брисел да биде формирањето на Заедницата на српските општини согласно бриселските договори од 2013 и 2015 година.