Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) денеска се огласи дека е „жив и здрав“ по написите дека починал.
„Гласините дека сум доживеал срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, рече тој.
Веста за наводната смрт на Сорос поради срцев удар се појави утрово на „Твитер“.
Сорос, кој има 92 години, беше честа мета на антисемитизам, теории на заговор, лични напади од авторитарни политички лидери и неколку пати во текот на животот беше „прогласуван за мртов“.
Сорос често го обвинуваат дека ги користи неговите филантропски активности како покритие за кампањи за поткопување на националните влади и промена на текот на изборите во голем број земји.