Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија денеска на министерката за одбрана Славјанка Петровска и додели Плакета, како признание за нејзината поддршка и поддршката од Министерството во афирмација на спортот на лицата со инвалидност во земјава и пошироко.
„Одбраната е постојан и посветен поддржувач на активностите на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија чии членови отсекогаш имале видливи успеси”, рече Петровска. На членовите на Параолимпискиот комитет им упати порака да продолжат да нижат успеси на кои сме горди како држава.
Министерката Петровска порача дека Федерацијата како и досега, и во иднина ќе ја има целосната поддршка од Министерството во реализацијата на нејзините активности и афирмацијата на спортот.