Најмалку 26 лица загинаа откако минибус се запали по катастрофален судир со камион во Мексико.
Според локалните медиуми, во автобусот имало неколку деца и бебиња кога се случила страшната несреќа.
Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Идалго. Сликите кои ги споделија властите покажуваат дека патничкото комбе е речиси целосно уништено од пожарот, додека камионот исто така претрпел голема штета.
Надлежните утврдиле дека камионот кој превезувал приколка повеќе не бил на местото на несреќата. Извор од обвинителството во Тамаулипас рече дека истражителите не се сигурни дали возачот на камионот побегнал или дали тој исто така загинал во несреќата.
Сите жртви веројатно биле членови на едно семејство кое изнајмило комбе за да се вози до северниот град Монтереј во Веракруз, објавија локалните медиуми.
Се верува дека сите тие се Мексиканци, бидејќи на местото на настанот биле пронајдени национални лични карти.