Во судир на автобус и камион на автопатот во Словачка неколку лица се повредени, а се стравува дека може да има и жртви.
Сообраќајната несреќа се случила утрово во близина на градот Кута во правец на Чешка.
Во несреќата учествувале камион и автобус со унгарски регистарски таблички, пишува Cas.ck.
Екипите на итната помош се на терен, а испратени се три хеликоптери.
Полицијата соопшти дека се повредени вкупно 37 лица. Според порталот, едно лице е загинато.
Сообраќајот се пренасочува по околните патишта, јавуваат локалните медиуми.