Вработените од УЈП излегоа на предупредувачки протест, бараат повисоки плати за 30 отсто

Со барање за повисоки плати согласно Колективниот договор, вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје и во регионалните канцеларии излегоа на предупредувачки протестот.

Протестот траеше од 10 до 11:30 часот. Претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски, посочи дека барањето на вработените е платите да се зголемат за 30 отсто.

-Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии кое и покрај преговорите што ги имавме во изминатиот период, никако да ни ги одобри нашите барања што ни следуваат согласно закон,вели Велковски.

-Во УЈП во последните 14 години имаме добиено само една корекција на платата во висина од 5 отсто. Во последните 5 години платата на вработените во УЈП не се воопшто корегирани, посочија вработените од УЈП – Регионална дирекција Тетово на денешниот протест.

Треба да знаете
Последни објави