Аргентинецот Лаутаро Мартинез испиша историја во миланските дербија како прв кој успеал да му даде гол на Милан во секое натпреварување во кое се сретнале.
Центарфорот на Интер има четири гола во Серија А против Милан во миланските дербија, уште два во Купот на Италија и по еден во Суперкупот на Италија и вечерва со погодокот во ЛШ, со кој го завери пласманот во финале за „нераѕурите“ по 13 години пауза.
Лаутаро стана прв Аргентинец кој дал гол за Интер по Диего Милито од славната 2010 година во полуфинале во Лигата на шампионите.