Ковачевски ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Исланд

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд.

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на Самитот, на кој ќе учествуваат претседатели на држави и влади на земји членки на Советот на Европа.

Во рамки на Самитот, како што најавија од владината прес-служба, Ковачевски ќе учествува на Тркалезна маса на која ќе се разговара за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата, на која ќе говорат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, премиерите на Грузија, Норвешка, Италија, како и претседатели и министри за надворешни работи на повеќе земји од Европа.

Утре, премиерот Ковачевски ќе има излагање на Генералната дебата на Советот на Европа, која овој пат е на тема „Обединети за Европа”, а каде се предвидени воедно и воведни обраќања на премиерката на Исланд Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ како и претседателот на Парламентарно Собрание на Советот на Европа, Тини Кокс.

За време на престојот во Рејкјавик, планирано е претседателот на Владата да оствари средби и разговори со повеќе европски лидери.

Во состав на делегацијата што ја предводи премиерот Ковачевски е и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

Треба да знаете
Последни објави