Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми со 6-3 и 6-4 го победи Британецот Камерон Нори пласирајќи се во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Меѓутоа мечот го одбележа и крајно неспортски потег на Нори кој по завршен поен го удри Ѓоковиќ со топче.
Иако поенот веќе беше завршен а Ѓоковиќ свртен со грб Нори некоректно смечуваше удирајќи го српскиот тенисер во нога.
Ѓоковиќ беше шокиран од моментот, но на крај го прифати извинувањето од Британецот, иако публиката не го прифати неговото извинувајќи исвиркувајќи го потоа до крајот на мечот.