ВМРО-ДПМНЕ: Има разлика, со СДС – се случија Броило, непотизам и корупција

Со СДС се случија Броило, непотизам и корупција.

СДС направи разлика. Тие прават криминал на секој чекор.

Ковачевски со доаѓањето на СДС на власт со неговиот кум ја основа Пиксел груп, фирма која расте и се шири додека СДС е власт.

Во време додека Ковачевски е премиер фирмата основана од него добива и државна помош преку грантови.

Кога Ковачевски стана премиер, Пиксел груп со бугарска фирма партнер основа фирма во Тетово, за заедно да градат фабрика за фотоволтаици.

И додека бизнисот на Пиксел груп се шири, не запира и неговата сопруга.

Ковачевски преку Груби на владина седница и додели земјиште на својата сопруга во Радовиш за изградба на фотоволтаична централа по багателна цена.

Има разлика, СДС прави криминал и се богати на грбот на народот. Фирми поврзани со Ковачевски доживуваат рапиден раст додека тој е на власт, а народот страда.

Треба да знаете
Последни објави