ВМРО-ДПМНЕ: Има разлика, сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за да гради фотоволтаична централа со потпис на Груби
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДС
Има разлика, сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за да гради фотоволтаична централа со потпис на Груби.
Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива над 1000 м2 државно земјиште за изградба на фотоволтаична централа во Радовишко, и тоа по багателна цена за евро квадрат.
Сопругата на Ковачевски ќе произведува струја, додека нејзиниот сопруг е премиер.
Ковачевски кој што тврдеше дека излегол од бизнисот, откако е функционер, сега влезе неговата сопруга.
И додека сопругата на Ковачевски отвора фирми и добива поволности од државата, илјадници фирми низ државата мака мачат со исплата на плати.
Со СДС на власт добро им оди само на ним блиските фирми. Навистина има разлика.