Власта на ДУИ и СДС систематски го уништуваат најголемиот енергетски капацитет во Македонија РЕК Битола. Она на кое што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше се случи. Независни експерти и медиуми известија дека на еден од блоковите на РЕК му се случила хаварија поради неквалитетниот јаглен од увоз кој скапо го набавуваше оваа власт на ДУИ и СДС.
Бидејќи речиси 7 години не инвестираа во нови ископи и рудници на јаглен, среде криза на оваа неодговорна власт и текна дека има потреба од јаглен. И тогаш криминалците од власта се сетија овој јаглен да го увезуваат и од тоа да се печалат високи провизии, наместо да се ископува од домашни извори.
Патем, како што пренесоа медиумите овој јаглен бил крајно некомпетентен, со наслаги слични на бетон, кои се лепат на опремата. Тендерот за набавка на јаглен го доби фирма од Мала Речица, а најголемиот дел од ваквиот јаглен беше набавен од Албанија.
Вработените во РЕК и во ЕЛЕМ се под сериозен притисок да молчат, додека раководството се правда со вообичаените флоскули дека на блокот се прави “планиран/редовен ремонт” или дека “опремата е премногу стара и дотраена”.
Вистината е дека неодговорноста и криминалот на оваа власт на ДУИ и СДС го уништи енергетскиот сектор во државата и најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола. За ова мора да има одгвоорност.