Поранешниот двоен ракометен европски шампион Вардар влегол во игра за потписот на талентираниот српски лев бек, Стефан Петриќ, за кого исто така е заинтересиран и португалскиот гигант Порто.
Според српските медиуми, контактите помеѓу црвено-црните и тимот на Партизан, за кој во моментов настапува, веќе се воспоставени, а прашање е колку тоа било и потребно со оглед што на Петриќ летово му завршува договорот со црно-белите. Една од работите кои може да пресудат во корист на македонскиот шампион е фактот што таткото на Стефан, Владимир Петриќ е поранешен ракометар на Вардар, кој во 2015 година се пензионира токму во црвено-црниот дрес.
Ако дојде до договор, Петриќ во моментов би бил трет српски ракометар во таборот на вардарци за следната сезона, по Дарко Ѓукиќ и Марко Срдановиќ, кој пред три недели потпиша договор со скопјани.