Милионерот Каевски да им каже на неговите другари советници од СДС дека кога ги гласаат финансиските програми на Арсовска го банкротираат Скопје.
Да не беа СДС, ДУИ и Левица, Арсовска немаше да ги помине на Совет нејзините финансиски програми, а сега истите тие СДС се жалат дека градот е банкрот, а всушност тие ја помагаат таквата состојба.
Градот е банкрот и заради криминалните тендери. Еден таков тендер и набавката на гориво за ЈСП, каде од народни пари се плаќаат над 20 милиони евра, а нема рабат кој задолжително го имало во минатото. Штетите кои ги има буџетот на ЈСП и градот, само по основа на немање на рабат се над 1 милион евра.
Градот е банкрот, а државата во проблеми, поради таквите функционери како Каевски кои имаат имот кој надалеку ги надминува нивните приходи. Каевски кој во ДКСК пријавил само функционерска плата, има стекнато над 4 милиони и стан од 60м2. Како успеал Каевски да се стекне со овој имот треба да истражат институциите кои сега се заробени.