Дванаесетгодишник со автоматска пушка уби човек на паркинг во Тексас

Дванаесетгодишно момче е уапсено под сомнение дека убилo вработен во ресторан за брза храна во Тексас.

Метју Дејвис (32) бил убиен во саботата додека се тепал со Ендрју Гомез (20) на паркинг на ресторан во градот Кин, околу 40 милји југозападно од Далас.

Момчето било во ресторанот со Гомез, кој го предизвикал инцидентот на паркингот. За време на инцидентот, момчето отишло до автомобилот на Гомез, извадило автоматска пушка и неколкупати го застрелало Дејвис, се вели во соопштението на полицијата.

Дејвис бил итно пренесен во болница каде што била констатирана смрт, додаде полицијата.

Гомез и момчето побегнале од местото на настанот, но Гомез подоцна се вратил и бил уапсен по налог за убиство, додека момчето, чие име не е објавено, било пронајдено во блискиот град Рио Виста.

Треба да знаете
Последни објави