Мицкоски: СДС и ДУИ ја злоупотребуваат ЕУ за да крадат, а фатени се живи во намера да профитираат со коридорите 

Фокусот на оваа тесна клика која владее е во криминалот, разграбувањето и личните интереси. Во саботата владата беше во Пелагонија за да го означи почетокот на изведба на дел од делницата Прилеп-Битола, како и дел од Коридорот 10Д. Се сликаа, направија големи бини. Омилената агенција за настани на ДУИ постави платформа за славење, завршија, си се собраа, ги товарија багерите и заминаа. Патот денес не се работи, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на тема Младински политики.

Тој потенцираше дека на терен ништо не се работи, а приватната компанија, која е изведувач, т.е. Бехтел и Енка, ги чека парите кои владата и ги вети, без мака, без работа, над 300-тини милиони евра, и тоа само за аванси и пенали без удрена лопата.

Тоа е кражбата која цела клика на власт ја турка пред наши очи. Цела година зборуваат за овој проект, а лопата не удрија, а оние пак внимавајте добро ова е многу интересно оние пак рекреативците во скопски Чаир за една вечер направија паркинг од дворот на болницата, и тоа без европско знаменце. И ова колку и да е смешно говори само за беззаконието кое владее во Македонија и колку  Владата на Демократска унија за интеграција поддржана од СДС ни е неспособна, рече Мицкоски.

Претседателот нотираше дека за да полесно им поминат во Собрание законите на СДС и ДУИ за овој проект закачиле и европско знаменце, без никаква основа за истото.

Премиерот, вели дека граделе во Европа, затоа биле законите со европско знаменце. Демек ако е од Европа е гаранцијата дека за Европската Унија се работи, а не сака да види дека во Европа е и оваа мафијашка клика која живее од трудот на народот и го разграбува. Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа се во паника, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави