Нападнат административниот премин „Шебекино“ во Белгородската област во Русија. Како што пренесува каналот „База“ на Телеграм, нападот бил извршен ноќеска со дронови, кои фрлиле муниција врз административната зграда и предизвикале експлозија.
Истиот канал јавува дека во регионот Калуга во Русија, веднаш до московската област е пронајден дрон, за кој постои сомневање дека се урнал вчера во вечерните часови. Падот предизвикал силна експлозија, а според досега објавените податоци нема повредени.