Во рамките на теренските активности на СДСМ, под мотото „Рамо до рамо, до победа”, денеска со граѓаните на Врапчиште, беа Гоце Георгиевски и Боро Еркечов, а во Маврово Ростуше Богданка Кузеска и Белкиса Зеќири.
Владата на СДСМ како никоја претходно се грижи за сите земјоделци и инвестира во сите гранки на земјоделството. Воведовме нов модел на субвенционирање, за прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно, за прв пат воведовме и жените земјоделки да можат да користат платено отсуство за мајчинство, истакна во Врапчиште претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Гоце Георгиевски.
Георгиевски соопшти дека е усвоена Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството вредна 317 милиони денари, во чии рамки заедно со земјодлеците се креираат мерките за поддршка.
Првата мерка која е предвидена во Интервентната програма е поддршка за производителите на зимска зелка на отворено, а мерка за поддршка предвидуваме и за производителите на градинарски култури во оранжериско производство, нагласи Георгиевски, додавајќи дека светската криза сите ги научи колку домашното производство на храна е важно и затоа денес земјоделците во нашата држава се вреднувани и почитувани, а финансиската поддршка неселективна и навремена.
Рамо до рамо со граѓаните на Маврово и Ростуше беа пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири и портпаролката на партијата Богданка Кузеска.
Заедно, со граѓаните низ дијалог донесовме системски решенија за покачување на минималната плата и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ го газеше достоинството на работниците и минималната плата ја држеше на едвај 9.000 денари, а за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија и помалку. Ние ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, просечната плата ги достигна ветените 34.000 денари, просечната пензија ја зголемивме за 60 отсто. Тоа е вистинска грижа за сите граѓани, порача пратеничката Белкиса Зеќири, во Маврово-Ростуше.