Со измените на Законот за работни односи, работниците никој на сила нема да ги тера да работат прекувремено, туку за тоа ќе одлучуваат работниците и ќе добиваат повисока дневница согласно закон, порача во реплика од собраниската говорница пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
Лазаревска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт ги третираше работниците како евтина работна сила, а СДСМ ја изедначи минималната плата во сите сектори и донесе системско решение за постојан раст на минималната плата.
„Вие од ВМРО-ДПМНЕ работниците и ги третиравте и ги исплаќавте како робови, а особено работничките во текстилната, кожарската и чевларската индустрија земаа по 8.000 денари минимална плата. Пристојни работни места и пристијни плати, воведовме ние од СДСМ со Законот за минимална плата каде ги изедначивме сите работници да земаат иста минимална плата и со новите измени што ги донесовме, системски реѓивме како ќе се зголемува минималната плата, која за разлика од ваше време кога изнесуваше 8.000 денари, денес изнесува 20.175 денари” порача пратеничката Лазаревска.