СДСМ изминатите години има резултати, коишто вистински и реално прават разлика.
Во споредба со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и нивниот стандард.
Успешно заврши грејната сезона, иако на почетокот, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се закануваше опасност граѓаните да останат без парно.
СДСМ го реши проблемот со парното греење.
Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаа поголеми сметки, а СДСМ го намали данокот на додадена вредност за парното греење од 18 на 5 проценти.
Народните пари во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа на стиропор кој денеска се распаѓа, на бронза, на бикови и жални врби. Денес парите завршуваат назад кај граѓаните.