Ѓоковиќ пак полуди на Иванишевиќ, Хрватот му возврати„играј, кој ти е к..“

Ниту на третиот земјен турнир оваа сезона Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира подалеку од четвртфиналето. Тој во Рим беше поразен од седмиот играч во светот Холгер Руне во меч кој повторно беше полн со тензии, а имаше и пауза од дожд што не му помогна на Србинот да се спаси.

Данецот победи со 6:4, 4:6, 6:2 и во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Каспер Руд и Франциско Серундоло што се игра во 19 часот.

Сепак, уште повеќе од поразот ќе се памети нервозното однесување на Ѓоковиќ, а особено дискусијата со главниот судија Мохамед Лахјани, кој целосно го исфрли од концентарација во третиот сет. Ѓоковиќ беше изнервиран што Лахјани направи долга пауза помеѓу објавувањето на резултатите на италијански и англиски јазик и му даде предупредување за пречекорување на времето на сервис.

“Зошто драма и чекање? Што, глумиш овде, или што? Зошто го кажуваш резултатот 20 секунди? Само кажи го, побогу”, извикал Ѓоковиќ.

Пред тоа тој се нафрли на тренерот Горан Иванишевиќ и неговиот стручен штаб.

„Немате ментална сила да ми кажете како да реагирам. Воопшто нема ментална сила!“ им викал тој. Иванишевиќ во текот на целиот меч се воздржуваше да не влезе во расправија со Ѓоковиќ, но во вториот сет во еден момент му одговори со сочно пцовка и му рече да игра.

Видеото од викањето кон Иванишевиќ може да го видите овде и овде.

Рекордот на Ѓоковиќ на земјена подлога пред Ролан Гарос е 5-3. Во Монте Карло загуби од Лоренцо Музети во осминафиналето, додека во Бања Лука беше исфрлен од сонародникот Душан Лајовиќ. Пред поразот од Руне, тој имаше заедно победи против Ечевери, Димитров и Нори во Рим. Тој во понеделник ќе остане без првото место на АТП рангирањето, кое повторно ќе го заземе Шпанецот Карлос Алкараз.

Во исто време, Руне зад себе го има финалето на Монте Карло, титулата во Минхен и сега (барем) полуфиналето во Рим, а обложувалниците сега го гледаат како четврти фаворит за титулата во Ролан Гарос. Подобро рангирани од него се само Алкараз, Ѓоковиќ и Надал, чиј настап на париската земјена подлога се уште е под знак прашалник. Ова беше негова втора победа над Ѓоковиќ, откако минатата година го победи во финалето на Мастерсот во сала во Париз, исто така во три сета. Единствената победа на Ѓоковиќ датира од УС Опен во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави