Бугарија се однесува кон Македонија исто како Русија кон Украина. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик и додаде дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани.
„Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа, рече Ковачевски.
Според него, обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“.
Тој додаде дека Македонија и Албанија се движат напред и не смее да се дозволи влијание од надвор, посебно не е од Русија во срцето на Балканот.