Знамето на Република Македонија се вее од тераса во населбата Ќучук Париз во Пловдив. Фотографии од социјалните мрежи ги пренесе интернет-страницата „Трафикњуз“ со наслов „Провокација или патриотизам“.
Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи:
„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напиша еден од корисниците, на што друг корисник одговорил. „Едноставно, ако го закачиш, ќе изедеш голем ќотек, а тука си траеме“.
Друг човек пишува дека во блокот живеел Македонец со години, но до сега таму немало такво знаме.
„Во никој случај не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на ‘Фејсбук’“, напиша друг корисник.
„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новосоздаденото Македонче може да се шета во маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија“, изјавува друг жител на соседството.