Мане се враќа во Англија, ама не во Ливерпул

Сенегалецот Садио Мане само по една сезона помината во Баерн Минхен, би можело да се врати во Премиер лигата, но не во Ливерпул, туку во најлутиот ривал на Црвените, Манчестер јунајтед.

По инцидентот со Лерој Сане, Баварците му порачаа на Мане дека треба да си најде нов клуб за следната сезона иако имаат договор до 2025, а според некои германски и англиски медиуми, фаворити за потписот за Мане се Манчестер јунајтед и Њукасл и во предност биле Црвените ѓаволи.

Мане уште пред преселбата од Саутхемптон во Ливерпул бил блиску до Манчестер, но се премислил во последен момент и премина во составот на Јирген Клоп.

Треба да знаете
Последни објави