Трета сезона по ред, англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити е на само еден чекор од пласманот во финалето од елитното клупско натпреаврување – Лигата на шампиони. „Ѓраѓаните“ посакуваат трета-среќа и по вечерашниот полуфинален реванш со шпанскиот Реал Мадрид да заиграат конечено за трофејот со „големите уши“ на 10 јуни во Истанбул, каде својот настап го визира италијанскиот Интер. Актуелниот европски првак и рекордер со освени титули во ова елитно натпреварување – 14, Реал Мадрид како и пред една година е последната пречка за Манчестер сити. Првата полуфинална пресметка на „Сантијаго Бернабеу“, заврши без победник (1:1), а вечерашниот реванш од 21 часот на „Етихад“ е голем предизвик за двата тима.
-Сите одлично се чувствуваме и во добра атмосфера ќе го дочекаме дуелот со Манчестер сити. Немам пвме посебни подготовки. Нема некакви посериозни проблеми изборот на тимот. Имаме добри вести околу Менди и Милитао ќе бидат во опција за почетниот состав, изјави Карло Анчелоти, тренерот на Реал.
Неговиот колега Пеп Гвардиола не е задоволен што неговиот тим Манчестер сити има помалку време за одмор пред овој за нив исклучително важен натпревар.
-Не можам да разберам дека моравме да играме во неделата, но секогаш се адаптираме. Решив повеќе да не се борам, таков е распоредот и ние ќе го прифатиме. Убеден сум дека Премиер лигата сака да им помогне на тимовите, но нема да сокријам дека има проблем со распоредот и со бројот на натпревари. Победите ни помагаат во ваков згисната ритам да се чувствуваме подобро. Ако го имаме потребниот менталитет, тогаш ќе бидеме во позиција да го елиминираме Реал (М) и да се пласираме во финалето. Едно е сигурно, ние ќе играме до 3. јуни, но сакам да бидеме активни уште една недела, да играме и на 10. јуни, изјави Гвардиола.