Во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ во Скопје денеска ќе биде претставена кампањата за згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“.
Кампањата, како што е најавено, ќе ја претстават министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.
На настанот ќе присуствуваат згрижувачки семејства и стручни лица од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Тие ќе имаат можност да споделат свои искуства, ќе зборуваат за тоа каква институционална поддршка им треба на згрижувачите и како да се подобри квалитетот на услуги и зголемување на бројот на згрижувачки семејства.