Само една година беше доволна, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска да го направат Град Скопје, нефункционален град пред банкрот.
Арсовска и ВМРО-ДПМЕ не само што не ги продолжија наследените проекти, туку не реализираа ниту еден свој проект.
Дополнително, јавните претпријатија едвај функционираат, јавниот превоз е во колапс, а потрошија најмалку 100 милиони евра од редовниот Буџет, но и дополнителни 13 милиони евра што претходната градска администрација на СДСМ ги остави во градската каса.
Поради неспособноста и расипничкото трошење на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот.
Граѓаните мора да знаат каде завршиле нивните пари.
ВМРО-ДПМНЕ бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје.
Граѓаните гледаат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт, што значи кога ВМРО-ДПМНЕ добива можност да управува со народни пари.