Конзорциумот Бехтел и Енка е сериозна светска градежна компанија која изградила бројни репрезентативни објекти низ целиот свет, но ВМРО-ДПМНЕ свесно заради политички поени шири лажни вести, порача денеска во реплика пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.
„Доволно ви кажа и шлаканицата што ја добивте од американската амбасадорка Агелер, која ви кажа дека сето ова што го правите, сите пречки што ги правите кон најголемиот стратешки проект, е единствено за собирање на политички поени. И самата таа ви кажа колку сериозна компанија е компанијата Бехтел, дека гради на скоро сите континенти. Но вие не и верувате на амбасадорката, не верувате на никого, дури не си верувате ниту самите меѓу себе и фрлате сомнеж и меѓу народот, а само за политички поени. Штета и грев е ова што го правите на македонската држава и целиот македонски народ” им порача Колева на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.