Николовска: Утре на дневен ред е усвојување на деловникот на работната група за уставни измени

Претседателката на Работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска изјави дека утре на дневен ред е усвојувањето на деловникот за работа на работната група која треба да го подготви текстот за иницијативата за измени на Уставот на државата.

– Утре, на дневен ред ни е усвојување на деловникот којшто е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден, два дена многу работи да се завршат. Одиме постепено, рече Николовска.

Таа посочи дека никој нема поставено рокови по однос на нивната работа.

– Откога ќе почнеме да работиме на суштината на проблемот, откога ќе почнеме да ги разгледуваме можностите за Нацрт-предлогот за иницијатива за промена на Уставот, тогаш ќе можеме малку повеќе да зборуваме и за рокови. Меѓутоа, можам да ве уверам дека сите ние сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа. И во таа насока откога ќе почнеме и да работиме на суштинската расправа ќе добивате информации и транспарентноста ќе биде застапена без каков било проблем, рече Николовска.

Треба да знаете
Последни објави