Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата

Амбасадата на Република Словенија и Земјоделскиот Институт-Скопје во соработка со Општина Гази Баба и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) организираат настан за одбележувањето на Светскиот ден на пчелата кој по шести пат оваа година ќе се одржи на 19.05.2023 во просториите на Земјоделскиот Институт-Скопје со почеток во 11:00 часот.

Одбележувањето на овој значаен ден е започнато на иницијатива на Словенечкиот пчеларски сојуз, која Обединетите нации ја усвои во 2017 година и го прогласи 20 мај – роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша – за Светски ден на пчелите.

Целта на  настанот е да се подигне свеста кај младите и јавноста за важноста на пчелите и другите опрашувачи за човештвото, во поглед на обезбеденоста со храна и искоренување на гладот на глобално ниво, како и грижата за животната средина и биодиверзитетот.

Треба да знаете
Последни објави