Хрватскиот воздушен простор за кратко ќе биде надгледуван од унгарски и италијански борбени авиони – објави за хрватските медиуми, министерот за одбрана Марио Баножиќ.
Тој рече дека тоа е неопходно бидејќи хрватските пилоти и механичари ќе поминат обука за преминување на авионите „Рафал“.
Баножиќ не сакаше да открие кога унгарските и италијанските авиони би можеле да ја преземат контролата над хрватското небо.
Како што дознава Јутарњи лист, освен интензивната обука на механичарите и пилотите, причина за ангажманот на италијанските и унгарските авиони е исцрпувањето на ресурсите на хрватските МиГ. Во моментов хрватското воздухопловство располага со осум борбени авиони МиГ 21.
Ресурсите на некои од овие авиони истекуваат оваа година, а некои мора да бидат приземјени во 2024 година и понатаму.
Баножиќ вчера изјави дека првите „рафали“ во Хрватска ќе пристигнат во првиот квартал на следната година, до кога треба да биде готова инфраструктурата за нивен прием. Последните треба да пристигнат во првиот квартал од 2025 година. Со оглед на тоа темпо на испорака, може да се очекува дека италијанските и унгарските авиони ќе бидат ангажирани на крајот на оваа година.
Во 2019 година, Хрватска и Унгарија потпишаа договор со кој беа отстранети правните и дипломатските пречки за Унгарија да го надгледува воздушниот простор на Хрватска доколку е потребно. Во документот се наведува дека двете земји го следат и штитат воздушниот простор како дел од интегрираниот систем за воздушна одбрана и противракетна одбрана на НАТО, пишува „Јутарњи лист“.