Сообраќајна незгодна предизвикана од две лица кои управувале велосипеди на патека предвидена за таа намена на булеварот „Партизанска“ во Скопје, било причина учесниците во инцидентот да завршат во болница со повреди, а полицијата да излезе на терен и да изврши увид.
-На 17.05.2023 вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од бул.„Партизански одреди” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од П.В.(32) од Битола и К.П.И.(39) од Богданци. По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември”, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.