Бранот поројни дождови кои предизвикаа излевања на реки и предизвикаа поплави ги зафати земјиоте од регионот, Хрватска, Босна и Херцеговина, делови од Словенија и Војводина во Србија.
Во Нови Сад повредени се две лица во големото невреме со дожд и град кое доцна синиќа траело два часа, известуваат медиумите во Србија. Застрашувачки сцени доаѓаат од Нови Сад и Западна Србија каде наврнаа огромни колични на дожд.
Возила пловат низ улици, вода како влегува во автобуси, луѓе на покриви на автомобили во обид да се спасат од надојдениот бран.
Во Словенија биле предизвикани 16 свлечишта, а пожарникари и околу 100 војници помагаат за извлекување на водата од подрумите на објекти и магацини низ земјата.
Во Сисак попуштил насипот, а три села во Банија се потполно осечени, пишува Јутарни.
Ситуацијата во Хрватска била најкритична на подрачјето на Карловац и во Хрватска Костајница каде на сила е вонредна состојба, а реката Уна е, речиси, четири метри над нормалното ниво.
Обилните дождови во изминатите неколку дена предизвикаа зголемување на нивото на водата во сите водотеци во кантон во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.
Најкритично било во Приједор, Нови Град, Костајница и Козарска Дубица, а во Бихаќ е прогласена природна несреќа. Состојбата се стабилизира и во Република Српска. Во опаѓање се водостоите на реката Врбас во Бања Лука, стагнираат Босна и Дрина, додека водостојот на Сана е понизок за околу 50 сантиметри во однос на вчерашниот ден околу Приједор. Проблем сè уште е Сава чие ниво е во пораст на, речиси, сите водомерни станици.