Два и пол месеци откако потпишаа договор Ковачевски и Груби, нема ни П од почеток на изградба на коридорите.
Ковачевски и Груби потпишаа договор кој е спротивен на низа закони, преземаа обврски чија реализација не зависи од нив, туку е потребна законска измена.
Само врз основа на плаќање на пенали и аванси обврските кон изведувачот се над 300 милиони евра до сега, од кои половина се веќе платени, а изградбата не е ниту почната.
Ковачевски и Груби со својот аматеризам и криминогеност ја компромитираа изградбата на коридорите, уште со изборот на надзорот, фирма која наместо искуство во големи градежни проекти, има искуство во шиење на долна облека.
И Ковачевски и Груби ќе одговараат за сите злоупотреби.