УСАИД со проект за потпишување на меморандум за меѓуопштинска соработка

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на настан за потпишување на Меморандум за соработка со третата група на 24 нови партнер-општини.

Од УСАИД исто така информираат дека на настанот ќе им се оддаде признание на 15-те партнер општини од првата група за резултатите кои ги постигнаа во унапредување на административните капацитети кои се клучни за функционирање на секоја општина и неопходни за обезбедување на подобри услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

Свое обраќање на настанот ќе имаат министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и претставници од партнер-општините.

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026), кој им помага на единиците на локалните самоуправи во Северна Македонија да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.

Треба да знаете
Последни објави