Денеска на пристаништето во Солун пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија.
Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата веќе имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која целосно ќе се реализира во следните години.
Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила го менуваме ликот на Армијата и ја зголемуваме нејзината борбената готовност и ја зацврстуваме безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата.