СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против Џ.Љ.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
Во претходниот период, пријавениот извршил повеќе тешки кражби во возила на подрачјето на Центар и Карпош. По преземени мерки и активности, на 16.05.2023 тој бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата.
Џ.Љ. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.