Радев: Кога ќе ги впишете сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, тогаш ќе станете демократска држава

Раководството на Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава во која бугарските клубови не се палат и во која Бугарите таму не се изложени на системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси, одговори претседателот Румен Радев на прашањрто на БГНЕС за наводни „црни списоци“ со нови обвинувања.

– Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав – провоцира Радев.

Првиот човек на бугарската држава потсети дека преговарачката рамка има еден дел од кој зависи целиот процес, а тоа е Протоколот.

– Таму нема прогрес, а таму се учебниците и говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничките репресии кон бугарите во историјата. Таму има важни работи како нашето културно наследство – рече Радев.

Претседателот додаде дека внесувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за почеток на преговорите со ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави