Минатата недела Скопје и буквално гореше откако се запали еден од најважните и најпрометни мостови во градот, оној што ги поврзува Железничката станица со молот Ист Гејт.
Оттогаш енигма е колкава е штетата, дали мостот може да се санира и колку би траела санацијата.
Градоначалничката Арсовска прво молчеше на оваа тема за потоа да ги нападне градежните професори нарекувајќи ги самонаречени експерти, додека скопјани мака мачат да се движат по мостот на револуцијата кај МАНУ.
Во кусото соопштение што денеска го лиферуваше Град Скопје се наведува и дека вештачењето на мостот се уште трае по што ќе се знаат следните чекори.
Но дали навистина има вештачење до кога тоа ќе трае и што потоа, Град Скопје не дава одговор.
Последниот случај со мостот „Беласица“ ја прели чашата на гневот на скопјани кои со месеци се возат по закрчени коловози, како клучката кај момин поток, а оние кои користат јавен превоз се возат во преполни автобуси со нередовен возен ред.
И додека Скопје и буквално гори, Арсовска реши да се „чешла“ далеку од очите и нервозите на граѓаните на Скопје.