Фудбалерите на Њукасл го совладаа Брајтон на свој терен со 4:1 во заостанатиот натпревар од 25-тото коло од Премиер лигата и така дојде до одлична позиција за пласман во Лигата на шампионите.
На два кола пред крајот Њукасл на третата позиција има 69 бода што е три повеќе со натпревар повеќе од Њукасл и четири повеќе од Ливерпул на петтата позиција. Брајтон од друга страна остана на шестата позиција со 58 бодови.
Њукасл одлично го отвори резултатот и поведе по 22 минути игра. Трипие изведе корнер од левата страна, а топката во сопствената мрежа ја смести играчот за врска Ундав. Во последните моменти од првиот дел Дан Бурн ја искористи новата асистенција од слободен удар на Трипие за 2:0.
Ундав погоди и на спротивната страна кога го намали резултатот по шест минути игра во второто полувреме. Во самиот финиш од средбата Вилсон и Бруно Гуимараеш ги поставија конечните 4:1.