Кривична и суспензија за полицаецот кој му удри пендрек в глава на Талески

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека  сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата”, по член  143 став 1 од Кривичниот законик.

Полицаецот е осомничен дека по завршувањето на финалето на ракометниот куп меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кога се случи инцидент и настана мешаница го удри ракометарот на Вардар 1961, Филип Талески со пендрек во главата.

Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори” во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства  за присилба врз него.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Треба да знаете
Последни објави