Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 2:0 против ЛА Лејкерс во големото финале на Западната конференција на НБА лигата.
Нагетс победија со 108:103, а до славјето ги предводеше Џамал Мареј со 37 поени, 10 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и вечерта ја заврши со 23 поени, 17 скока, 12 асистенции и 3 украдени топки. За Србинот ова беше седмиот трипл-дабл од почетокот на овогодинешниот плеј-оф. Тоа е негов четврти по ред, а петти во последните шест натпревари во плеј-офот, што уште еднаш влезе во историјата на НБА. Имено, Јокиќ стана првиот играч кој забележал четири трипл-дабл во плеј-офот, а секој пат постигнал по 20+ поени на еден натпревар.
Мареј едноставно експлодираше во последната четвртина во која влезе со „само“ 14 поени, а потоа постигна 23 од 32-те на Нагетс и само еден помалку од целиот тим на Лејкерс.
По првите 12 минути беше 27:27. Лејкерси на ист начин одговорија на брзиот старт на Нагетс, полн со трчање. Воведните минути беа одбележани со силно темпо, кое беше притискано од двете страни, без никој да создаде предност. На почетокот на вториот дел без Јокиќ на теренот Денвер во нападот изгледаше многу лошо и во одбраната исто така па Лејкерси дојдоа до двоцифрено водство преку Хачимура, 32:42.
Сепак, тогаш застанаа и гостите. Избраниците на Дарвин Хем не постигнаа поен од поле цели пет минути и Нагетс успеаја да се вратат, 48:49. Сепак, до крајот на полувремето не можеа да поведат, и на пауза се замина со резултат 48:53.
Третата четвртина не започна најдобро за домаќините, Лејкерси и во овој период тргнаа фуриозно. Брзо стигнаа до двоцифрена предност (62:72), но како и во првото полувреме застанаа во еден момент, што Денвер го искористи. Преку Јокиќ, Портер и Браун, Нагетс успеаја да израмнат. Треба да се спомене и Мареј, во негативен контекст, бидејќи играше многу слабо. И со таков Џамал, Денвер успеа да израмни, па во последната четвртина влезе со резултат 76:79 за Лејкерси.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/05/29102549-1024x683.jpg)
Лејкерси беа подобри во 36-те минути игра, но мечот траеше 48. Денвер поддржан од Мареј успеа да направи пресврт и од тој момент беше јасно дека Лејкерси тешко ќе се вратат во игра . Сепак, успеваа преку Ривс, Леброн и Дејвис, но исто како и во првиот натпревар одиграа лошо во последната минута па Денвер победи заслужено.
Најефикасни играчи на Лејкерси беа Остин Ривс и Леброн Џејмс со 22 поени. Ривс стрелаше за 5-9 за три поени, додека Леброн остана помалку од трипл-дабл со 9 скока и 10 асистенции. Руи Хачимура постигна 21 поен при 8-10. Ентони Дејвис постигна 18 поени со 14 скока.
Третиот натпревар од серијата е закажан за сабота во Лос Анџелес.